Полицијата ги прекина протестите на црногорската опозиција

0
345

Црногорската полиција во саботата рано утрото ги отстрани говорницата, бината и шаторите од булеварот „Свети Петар Цетински“ пред парламентот во Подгорциа и со тоа го прекина 20-дневниот протест на опозицискиот сојуз Демократски фронт, јавуваат црногорските медиуми.
Во акцијата на полицијата има и приведени, меѓу нив повеќето се пратеници, додека Милан Кнежевиќ, еден од челниците на Демократскиот фронт, завршил во болница.

Акцијата е изведена во 5 часот утрото во сабота, кога специјалните единици на црногорската полиција, со помош на механизација ги отстранија шаторите и бината од централниот булевар во Подгорица, го блокираат овој дел од главниот град на Црна Гора и ги апсат оние кои им даваат отпор, нецели два дена по посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Според соопштението на полицијата, сообраќајот во Подгорица набрзо треба да биде нормализиран.

Опозицискиот Демократски фронт, кој обединува неколку партии кои подгоричките медиуми ги нарекуваат „просрпски“, речиси три седмици протестираше пред црногорскиот парламент во центарот на Подгорица барајќи оставка на владата и на премиерот Мило Ѓукановиќ, и формирање преодна влада која што би подготвила „фер и чесни избори“.

Педесет итригодишниот Мило Ѓукановиќ на власт во Црна Гора е без прекин веќе 25 година, а премиер, по шести пат, стана во 2012 година. Беше претседател во периодот од 1998 до 2002 година.

Провладините медиуми во Подгорица наведуваат дека и покрај настојувањата на Движењето за промени (ПзП), членка на Демократскиот фронт протестите да ги прикажат како граѓански бунт, „ги демантирала иконографијата на собирот, со знамиња и ознаки на други земји и слики на рускиот претседател Владимир Путин“, а ги благословил и митрополитот на Српската православна црква во Црна Гора, Амфилохие./.крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY