Полицијата ги растерува демонстрантите

0
620

По интервенцијата на специјалните единици на полицијата во и пред Собранието, ситуацијата во моментов е мирна.

На тоа предходеше полициска акција за растерување на демонстрантите кои околу 19 часот влегоа во Собранието, почнаа да демолираат и физички да ги напаѓаат пратениците. Силни детонации се слушаа во центарот на Скопје од шок бомбите, а демонстрантите во стампедо бегаа кон околните улици.