Полицијата го расчистува случајот со Наумовски

0
214

 

Од битолската полиција велат дека до нив е поднесена само една пријава, од страна на пратеникот против сестрата на неговата сопруга, за загрозување на безбедноста и физички напад. Со неа, се’ уште не е разговарано, бидејќи како што велат од полицијата, е задржана во болница и нема дадено изјава за настанот. Се’ уште не се знае дали настанот ќе добие прекршочна или кривична разврска. Од страна на Центарот за социјални работи случајот не бил пријавен во полиција. 

Инцидентот се случил завчера претпладне по повеќемесечна семејна драма и расправии на пратеникот со семејството на неговата сопруга, од која се разведува.

Сестрата на сопругата, која е вработена во Центарот за социјални работи во Битола, за медиумите тврдеше дека на своето работно место, заедно со уште тројца колеги, биле нападнати од пратеникот Наумовски. Пратеникот тврди дека сестрата на неговата сопруга ја злоупотребила својата службена положба за да му го одземе правото да го гледа неговиот малолетен син, кој има 15 години.