„Полицијата и граѓаните заедно“ продолжува

0
162

Отсекот за превенција при СВР-Битола продолжи со акцијата „Полицијата и граѓаните заедно” во која се организираат директни средби со различни целни групи, а синоќа одржа средба со членовите на ловечкото здружение „Сокол” од Битола.
Костадин Поповски командир на ТППЕ Битола вели дека овие луѓе се на терен со нивното хоби и може да превенираат доколку забележат пожар на отворено да помогнат при негово локализирање или да направат брз дојава.
На средбата со битолските ловџии, раководителот на отсекот за превенција во СВР-Битола, истакна дека полицијата и ловџиите многу поефикасно ќе реагираат при шумски пожари и други ситуации на отворен терен доколку директно соработуваат.
Нашата намера е заеднички да дејствуваме во ситуација при спречување или ширење на шумски пожар. Очекуваме од ловџиите и соработка за теми од сферата на прекуграничниот криминал затоа што токму тие можат брзо да идентификуваат и да пријават проблеми кои би ги воочиле, и се разбира очекуваме поддршка доколку забележат движење на мигранти како би можеле на законит начин да им помогнеме, посочи Магдалена Димитровска од одделот за превенција при СВР Битола .
Во Битола има околу 200 ловџии, а здруженија на ловци функционираат и во Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонски Брод и во Прилеп каде СВР-Битола ќе одржи средби и разговори на истата превентивна тема, беше нагласено на синоќешната средба.