Полицијата откри кој го запали возилото на ул.Димче Лахчански

0
4721

-СВР Битола на 15.06.2016 година до ОЈО-Битола поднесе кривична пријава против лицето со иницијали И.Н 47 години од Битола, заради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Предизвикување општа опасност“ по чл.288 ст.1 од КЗ на Р.Македонија.

На 20.05.2016 година во околу 04,00 ч. пријавениот дошол на паркинг просторот на ул.Димче Лахчански бб, наспроти ОУ „Климент Охридски“ до ПМВ  со битолски регистарски ознаки, сопственост на Н.Ѓ 52 години од Битола, и истото го потурил со запалива течност и истото го опожарил. На возило биле опожарени предниот дел од возилото, двети предни тркала, хаубата и внатрешниот дел од возилото. Од опожарувањето на возилото зафатено и оштетено беше и ПМВ Мерцедес Е200  со битолски регистарски ознаки. Со преземеното дејствие пријавениот предизвикал материјална штета во висина од околу 142 000 денари.