Полицијата по налог на обвинителството упадна на МИТ универзитетот

0
375
Полицијата, по налог на обвинителството упаднала во двата објекти на „МИТ“ Универзитет и во станот на сопственичката Билјана Апостолова. Во придружба на наоружаната полиција во просториите на универзитетот влегле и инспектори од Управата за јавни приходи и од Министерството за образование. Се чешлала документацијата на универзитетот. МВР го сомничи МИТ Универзитет за незаконито работење, додека директорката тврди дека станува збор за политичка хајка.
Јавен обвинител издаде наредба полиција да изврши претрес на повеќе објекти кои му припаѓаат на МИТ универзитетот. Се вршат претреси со цел да се прибават документи и други предмети што би се користеле како докази во кривична постапка, велат од обвинителството на Марко Зврлевски.
Сопственичката на универзитетот МИТ, Билјана Апостолова воизјава за 24 Вести вели дека упадот на полицијата е политички монтиран случај и хајка против неа и Универзитетот, за да ја замолчат, поради нејзините јавно упатени критики кон власта. Според Апостолова, МИТ  продлжува со работа, бидејќи како што вели, таму нема ништо незаконско.