Полицијата професионално ја заврши задачата во Бутел

0
443

Полицајците во претходните два дена во настаните меѓу противниците за изградба на Крстот и неговите поддржувачи успешно си ја завршија својата задача.

Ова го соопштија од Министерството за внатрешни работи, откаде посочуваат дека нема да дозволат МВР да се употребува како алатка во служба на политичките партии со цел исполнување на некакви сценарија подготвени во партиските штабови.

„Секој има право да протестира и да го искаже својот став и ние никому не му го спориме тоа право. Но, апелираме да се остави полицијата да си ги извршува своите задачи“, велат од МВР.

Имено, против лицата кои ги оштетија темелите на крстот во Бутел, министерот Спасовски најави кривични пријави.

За министерот Спасовски тврдењата на одредени политички партии дека полицијата не реагирала соодветно и навреме не се вистините а најважно е тоа што не дозволилие состојбата да ескалира.

„Полицијата постапи според правилата и сметаме дека најважно од се е да го зачуваме мирот и стабилноста и да не овозможиме даимаме ескалација на судирите.Најлесно е да го запалите огнот меѓутоа најважно е да имаме превенција и да не дозволиме ескалација на состојбата“, изјави министерот Спсовски.