Полицијата со ловџиите, за Пиво фест, за плажите

0
170

СВР-Битола, започна со реализација на средби со ловните здруженија, кои ги организира и реализира секоја година. Вчера полициски службеници претставници од Територијалната противпожарна единица во Битола се сретнаа со ловците од „Еуроимпекс” – ловиште „Ниџе”. Во тековната година се остварени средби и со ловци од ЛРЗ„Сокол” од Битола, „Песјак” од Македонски Брод, а во нареден период ќе бидат остварени вакви средби и со останатите ловни здруженија на подрачјето на СВР-Битола. Во пресрет пак на Пиво фест СВР- Битола и ПС Прилеп ги потсетува и предупредува граѓаните на Прилеп и посетителите на манифестацијата „Пиво Фест 2015 – Прилеп” на претпазливост

– Не возете под дејство на алкохол и наркотични средства. Кога возите не пијте, а кога пиете не возете!
– Не дозволувајте да станете жртва на кражба. Заштитете се себеси и својот имот.
– Внимавајте на својот паричник. Паричникот на видно место предизвикува. Џепџиите најчесто работаат во гужва и во група.
– Внимавајте на Вашиот мобилен телефон.
– Обезбедете го својот автомобил. Следете ги упатствата на службата за паркирање. Не оставајте вредни предмети на видни места во автомобилот. На тој начин предизвикувате да Ви биде оштетен и провален.

Забрането е:

– Неовластено пукање и употреба на оружје и пиротехнички средства
– Учествување, предизвикување или поттикнување друг на тепачка
– Оддавање на пијанство на јавно место или нарушување на ЈРМ во пијана состојба

– Управување на моторно возило под дејство на алкохол или без возачка дозвола
– Оддавање на уживање во опојни дроги
– Вршење на кривични дела

СВР – Битола и ПС Ресен, во недела со почеток во 11,00 часот на плажата во Претор на Преспанското езеро, ќе реализираат превентивна активност „Летен хепенинг 2015″. Активноста традиционално се спроведува секоја година за време на туристичката сезона во Преспа, а истата е дел од превентивниот проект на ПС Ресен „Безбедно на нашите плажи”, кој се реализира во партнерство со Локалната самоуправа Ресен, Црвениот Крст и бизнис заедницата.