Полицијата со солзавец бркаше навивачи пред куќата на Ципрас

0
318

Околу 2.000 навивачи на фудбалскиот клуб Панатенаикос протестираа во средата вечерта пред куќата на премиерот Алексис Ципрас бидејќи левичарската влада ги казни поради нереди на еден натпревар.

Интервенираше и полицијата која мораше да употреби солзавец за да ги растера навивачите, а грчките медиуми јавија дека имало и неколку приведени.

Навивачите стигнаа пред куќата на премиерот Ципрас во атинската населба Кипсели со стотици мотори, непосредно откако нив тим одигра нерешено против Атромитос.

Ципрас во моментот на инцидентот не бил дома, со оглед дека престојува во официјална посета на Израел.

Навивачите на Панатинаикос протестираат бидејќи дел од трибините на нивниот стадион е затворен за публика до крајот на годината, поради нередите кои избија пред натпреварот со лутиот ривал Олимпијакос на 21 ноември, поради што беше окажан дерби натпреварот./крај/мф/ап/

Без коментари

LEAVE A REPLY