Полицијата со солзавец против мигрантите на границата со Хрватска

0
226

На еден од словенечко-хрватските гранични премини синоќа дошло до судир на словенечката полиција со група мигранти, кои се обиделе да ја пробијат оградата, за да влезат во Словенија, пренесоа агенциите.

Словенечката полиција користела палки и солзавец за да ги спречи да стигнат до автобусот, кој бил од словенечката страна на границата.

Вчера словенечките власти одбија да гласаат за повеќе од 1.000 мигранти кои пристигнале од Хрватска, бидејќи дневната квота е достигната. Бегалците и мигрантите биле принудени да ја поминат ноќта на температури под нулата во близина на железничките шини, откако полицијата не им дозволи да ја преминат границата.

Претходно вчера Хрватска повторно ја отвори границата со Србија и пропушти неколку илјади мигранти кои чекаа на границата речиси два дена. Од хрватска страна бегалците се движат со автобуси, кои ги носат до приемен центар Опатовац, а транспортот е обезбедуван од хрватската полиција.