Полицијата спречи насилство во Црна Гора

0
316

Претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ синоќа изјави дека полицијата не го прекинала саботниот протест во Подгорица на опозицискиот Демократски фронт, туку насилството на протестот. Според неговата оценка, демонстрациите не биле ни демократски, ни мирни, ни ненасилни. „На сцена беше обид за насилно влегување во парламентот“, рече тој додавајќи дека било „апсолутно јасно“ дека мотив на организаторите на протестот е спречување на влегувањето на Црна Гора во НАТО.

Без коментари

LEAVE A REPLY