Полицијата употреби водени топови и гас за растурање на протестите во Истанбул

0
357

Истанбулската полиција употреби водени топови и солзавец за растерување на протестите во турската метропола, пренесуваат медиумите во саботата.
Според дописникот на агенцијата Reuters, околу две илјади луѓе протестирале на плоштадот Таксим во центарот на Истанбул, по информациите за убиство на Тахир Елчи,челник на Адвокатската комора на Дијарбекир, во престрелка меѓу полицијата и осомничени курдски бунтовници.

Во престрелката, исто така, се ранети уште неколку лица, меѓу кои и полицајци и дописниците на државната новинска агенција Anadolu и на приватната Dogan.

Претходно Елчи беше приведен во полициска станица поради неговите изјави дека забранетата во Турција Работничка партија на Курдистан (PKK) не е терористичка организација. Судот Истанбул го пушти на слобода со кауција./крај/мф/сн