Полицијата во Аризона трага по сериски убиец одговорен за седум убиства

0
218
Полицијата во Аризона е во потрага по лице кое е одговорно за вкупно седум убиства со огнено оружје на подрачјето на Феникс.
-Некој знае кој го направил ова. Ги повикуваме граѓаните да не контактираат и да ни помогнат да ги решиме овие случаи, да ја обезбедиме правдата за жртвите и нивните семејства, и да спречиме нови насилства, изјави Џозеф Јанер, началник на полицијата во Феникс.
Серијата убиства во главниот град на американската сојузна држава Аризона, во којашто има и неколкумина повредени, почна во март, кога 16-годишно момче беше рането.
До 12 јуни се случиле повеќе слични инциденти. Врз повеќето од жртвите е пукано навечер во моменти кога тие биле пред својот дом.
Полицијата нуди и награда од 30.000 долари за информација што ќе помогне да биде уапсен осомничениот.