Полицијата во Ротердам уапси 12 учесници во протестите пред Турскиот конзулат

Полицијата во Ротердам уапси 12 учесници во протестите пред Турскиот конзулат

0 47

Полицијата во холандскиот град Ротердам  уапси 12 учесници во демонстрациите одржани пред Турскиот конзулат, откако протестот се претвори во безредија, пренесува БТА.

Полицијата соопшти дека апсењата биле извршени за насилство и прекршување на јавниот ред и оти демонстрантите Турци почнале да ги гаѓаат полицајците со шишиња и камења. Полицијата одговорила со палки и водени топови.

При немирите се повредени седум лица, вклучувајќи и еден полицаец.

Повод за демонстрациите беше одбивањето на холандските власти да дозволат на турската министерка за семејство и социјална политика Фатма Бетјул Сајан Каја да се сретне со граѓани во конзулатот во центарот на Ротердам.

Коментарите се затворени.