Полицијата за опожареното возило на улицата Бонде Скерлевски

0
2102

На 17.06.2016 година околу 01,45 часот Битола, на ул.„Бонде Скерлевски“ од засега непознати причини настанал пожар на паркирано ПМВ„Ауди А-4  Караван“ со битолски регистерски ознаки сопственост на Г.Д. (33) од Битола при што истото било целосно опожарено, а од пожарот било зафатено и друго ПМВ„Опел Астра“ со битолски регистерски ознаки сопственост на Х.Б. од Битола. Од страна на ТППЕ-Битола пожарот бил изгаснат.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

1-768x432

2-1-700x394