Полициска акција и во Битола за „Мрежа“ и „Брана“

0
1662

Полицијата разбила група која произведувала и продавала дрога, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Митко Чавков. Во акцијата наречена Мрежа се уапсени пет луѓе, по еден човек се трага, а еден човек е веќе во притвор. Акцијата се спроведувала во Свети Николе, Штип, Битола и Скопје. Во рамки на акцијата се спроведувало и истражување „Брана“ за справување со дилери на дрога и тоа на национално и на меѓународно ниво. Во рамки на тоа истражување биле пријавени и полициски инспектор, јавен обвинител и директор на општа болница од Битола. Министерот вели дека информациите укажуваат дека во шверцувањето на дрога биле вклучени одредени структури на полицијата и судството. Истражувањето се спроведува од лани, а досега се уапсени 30 луѓе.

Без коментари

LEAVE A REPLY