Полови напади врз малолетни девојчиња

0
506

На 05.08.2016 година  било пријавено дека истиот ден околу 22,15 часот на ул. „Роза Петрова“ во Кочани од страна на непознато лице било извршено полов напад со друго полово дејствие врз 11-годишно девојче на тој начин што истиот и пришол од зад грб и со двете раце ја фатил по што ја прилепил за себе, а девојчето почнало да вика барајќи помош по што го удрила со мобилниот телефон по главата и успеала да го оттурне од себе и да се ослободи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 На 05.08.2016 година околу 12,00 часот во Свети Николе, во влез од зграда додека деветгодишно девојче се симнувало по скалите била пресретната од страна на непознато лице по што истиот ги соблекол тренерките и полово се задоволувал пред девојчето. Истата се исплашила и избегала. Истиот ден во времето од 18,00 до 19,00 часот во присуство на ОЈО од Свети Николе и претставник од ЦСР- Свети Николе од страна на девојчето било извршено  препознавање и бил утврден идентитетот на лицето. Станува збор за В.О.(46) од Свети Николе и НК-КР-Свети Николе работи на целосно расчистување и документирање на настанот по што ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.