Половина милион спорни гласачи?

0
2861

Речиси 500 илјади спорни гласачи извадила на површина вкрстената проверка на податоците. Дел од медиумите објавуваат дека 192 илјади од нив, се заведени како фиктивни гласачи на Избирачкиот список, веројатно со лични карти од МВР, додека повеќе од 35 илјади гласачи се заведени во графата многу станари на иста адреса.

Извори од комисијата брифираат дека сите овие т.н. „кандидати“ за проверка, автоматски не значи и дека се непостоечки или фантомски гласачи, туку како што појаснуваат, дел од нив се појавиле во базата на одредени институции, но не се совпаднале со базата на сите останати институции од кои се правеше вкрстената проверка.

„Државната изборна комисија, по првичното разгледување на извештајот од спроведувањето на вкрстените проверки на базите податоци од релевантните институции, одлучи да спроведе дополнителни контролни тестови на дел од прашањата опфатени со проверките. “- стои во соопштението од ДИК.
Досега до ДИК пристигнаа 5000 пријави од граѓани за недоследности во избирачкиот список и тоа само во електронска форма. Како ќе се постапува по пријавите се уште не е јасно, бидејќи во ДИК одлучија за дел од нив службите да спроведат административвни проверки, а за останатите пријави информриаа дека ќе постапуваат по завршувањето на вкрстената проверка.