Половина од младите во Македонија невработени

0
1764

Со цел да се истакне значењето на малите и средни претпријатија за економскиот развој на земјата, со особено значење на иновативни и развојни мали бизниси кои ќе отваараат нови работни места, денеска на зедничка маса седнаа МКЦ Битола и Европската бизнис асоцијација. Бараа начини, механизми и решенија како младите да се решат да отварат свој сопствен бизнис

-Идеата е да се разменуваат добри практики за социјални иновации. Она што функционира во Црна Гора да се пренесе во Македонија, бидејќи иновацијата не мора да биде уникатна за земјата. Може да биде пресликана некоја добра приказна од друга земја, и таа да функционира и кај нас. Младинската невработеност на национално ниво кај младите од 15 до 29 години е 51%. Затоа се потребни итни мерки за намалување на овај акутен проблем, изјави Златко Талевски извршен директор на МКЦ-Битола

15139372_10209883096585624_1190317731_n
Радува фактот што од година во година се зголемува интересот на младите за претприемништвото, велат од Европската бизнис асоцијација, но проблемот со ниската стапка на вработеност на младите од 15 до 29 години го гледаат во менталитетот

-Македонија е земја која што сеуште е во транзиција, од еден комунистичко социјалистички економски систем, каде што економијата била потпрена на големи индустриски капацитети, и сега овај преод од таков систем во пазарно стопанство трае. Потребно е време, потребно е младите да го осознаат претприемништвото, изјави Димитар Ристовски, извршен директор на ЕБА

Пред присутните својата приказна ја раскажаа од Инвент Евент Агенцијата. Она што го потенцираа и им го кажаа на младите е да бидат упорни во својата работа доколку сакаат да постигнат успех
-Денеска имаме можност да ја раскажеме нашата успешна приказна како млади претприемачи. Го започнавме својот бизнис со многу малку познавања , но со голем ентузијазам и мечти за успех. Од разговор со пријателки дојдовме до идеата и ја реализиравме за скоро време. Ќе раскажеме како функционираме, како нашата Агенција работи, со кои препреки се соочивме во изминатите три години, и да ги охрабриме младите да започнат свој бизнис, изјави Марија Додовска Инвент Евент Агенција

– Нашата Агенција е за организирање секаков вид на настани, од корпоративни до приватни прослави, изјави Јасмина Јанчевска Инвент Евент Агенција
Конференцијата „Претприемачко учење и поддршка на социјалните инвовации” се одржа во рамки на Европската недела на мали и средни претпријатија.Настанот е поддржан во рамките на Регионалната Платформа за социјални иновации за намалување на младинската невработеност (YOUSEE) со поддршка на фондови од Европската Унија .