Половина тон кокаин во автобуси со навивачи

0
309

Половина тон кокаин во автобуси со навивачи заплени колумбиската полиција. Запленети се вкупно 575 килограми кокаин пто биле најдени во два автобуси со кои колумбиските навивачи тргнале во Сантијаго на квалификацискиот меч за Светското првенство, пренесува Танјуг.

Дрогата била откриена во текот на минатиот викенд во местото Пасто, во близина на границата на Колумбија со Еквадор.

Како што соопштуваат агенциите, кокаинот бил најден под подот на автобусот, како и под седиштата на двајцата возачи, кои биле уапсени.

Без коментари

LEAVE A REPLY