Полска е првиот противник на патот до Олимискиот сон

0
332

Најдобрите македонски ракометари вечерва ќе го одиграа првиот меч на квалификацискиот тутнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Прв противник на „црвено-жолтите“ ќе биде домаќинот на турнирот, Полска. Мечот ќе се одигра во „Ерго“ арена, Гдањск (20:30 ч), претходно турнирот ќе го отврат Тунис и Чиле.

Македонија, во Гдањск, втор пат учествува на едни олимписки квалификации. Пред четири години, во Гетеборг, Македонија во конкуренција на Шведска, Унгарија и Бразил не успеа да се пласира на ОИ кои во 2012 се одржаа во Лондон.

Четири години подоцна во Гдањск, ракометарите имаат историска шанса да станат првата македонска репрезентација која изборила пласман на едни ОИ.

„Фокусирани сме само на овој турнир, на овие три натпревара. Не ме интересира кого ќе победиме, од кого ќе загубиме, ме интересира само да бидеме меѓу првите две екипи кои ќе патуваат за Рио“, рече пред заминувањето за Полска селекторот Обрван.

Шест дена ракометарите се подготвуваа за овој турнир, на кој како што најавија ќе играат без калкулации, ангажирано и мотивирано и со еспект кон секој противник.

Селекторот Ивица Обрван, во Гдањск отпатува со 18 играчи, а за првиот меч со домаќинот реши во ростерот да ги нема пикерот Никола Марковски и десното крило Никола Костески.

По дуелот со Полска, Македонија ќе одигра уште две средби со Тунис (сабота) и Чиле (недела).

Пласман на ОИ во Рио де Жанеиро ќе изборат најдобрите две селекции од овој квалификациски турнир.