Полската премиерка ја повика германската канцеларка на пресврт во мигрантската политика

0
289

Полската премиерка Беата Шидло, којашто во петокот престојува во посета на Берлин, ја повика својата домаќинка германската канцеларка Ангела Меркел да направи „пресврт“ во политиката кон имигрантите.

„Патот по кои се тргна не води веќе никаде. Неопходен е пресврт“, вели полската премиерка Беата Шидло во интервјуто за германското списание Bild, оценувајќи дека „се потценува“ опасноста од бегалскиот бран.

Шидло притоа ги наведува се почестите насилни дела во Европа во која се инволвирани имигрантите, во прв ред терористичките напади во Париз од 13-ти ноември, кога беа убиени 130 луѓе и масовните сексуални напади, силувања и грабежи на жени на новогодишната ноќ во Келн,

„Треба да се признае, сторени се грешки… Ситуацијата на надворешните граници на Европската унија се надвор од контрола“, оценува Шидло повикувајќи на „нови решенија“.

Новата конзервативна полска влада е подготвена да им помогне на бегалците, но надвор од ЕУ, додека претходната од левиот центар се согласи да прими околу 7.000 имигранти./крај/мф/сн