Полугодишен концерт на КУД „Илинден“ – Битола

0
421

На сцената на Центарот за култура од Битола, културно – уметничкото друштво Илинден го одржа својот полугодишен концерт, кој традиционално се организира со завршувањето на учебната година.

На концертот настапија 14 детски групи од КУД „Илинден“, а исто така и ветераните кои пред дваесет години биле дел од културно уметничкото друштво „Илинден“.

Гости на концертот беа и членовите на ансамблот за народни песни и игри „Орце Николов“ од Скопје, кој оваа година прославија 70 години од своето постоење.

KUD_Ilinden2.jpg

Во долгогодишното постоење КУД „Илинден“ , настапил на сите светски меридијани.

Во фолклорната и музичката секција членуваат повеќе вљубеници во фолклорот.

Оваа година  е јубилејна за КУД „Илинден“ и се планирани повеќе настапи и турнеи надвор од Македонија.

KUD_Ilinden3_copy_copy_copy_copy.jpg

Секоја година ова културно уметничко друштво бележи од 40 до 100 настапи.

Орото „Комитско” е заштитен знак на КУД „Илинден”-Битола и тоа, заедно со ората „Чифте чамче”, „Женско чамче” и други се негуваат од колено на колено, од генерација во генерација во најстарото културно-уметничко друштво во градот.

Ова културно уметничко друштво , 60 години ја изучува и оживува македонската фолклорна традиција.