Помал род но подобар квалитет на тутунот

0
905

За 10 до 15% помалку тутун се очекува од годинашната реколта во споредба со ланската година. Од ПЕМЗШВ во Битола велат дека тоа се должи на лошите временски услови, односно раните мразеви, а потоа и сушата. Но тутунот е со  подобар квалитет од минатата година.

-Откупната цена е према договорите но се очекува годинава тутунопроизводителите да добијат повисока откупна цена  од минатата година поради квалитетот.Прва класа ќе се откупува по цена од 280 денари, втора 195 денари, трета класа 142 денари и четврта класа 60 денари, изјави Емин Емини од ПЕМЗШВ од Битола.

Откупот треба да почне денес, но во повеќето откупни центри откупот ќе почне на 20 ти во понеделник велат од ПЕМЗШВ. Од засадените 1757 хектари , се очекува  3233 тони тутун за општините Битола, Могила и Новаци. Додаваат дека и годинава за тутунарите ќе има субвенции за килограм предаден тутун .

Проценката на МЗШВ е дека на ниво на Македонија за реколтата  2017 година со тутун вкупно се договорени и засадени 14.342 хектари.