Помалку продавници, повеќе продавачи

0
364
Woman with groceries waiting in line at the supermarket checkout

Неодмна кажавме дека се вработуваат повеќе продавачи а помалку научници, тоа го потврдуваше статистиката. А сега со друг податок кој укажува на тоа дека иако е зголемен бројот на продавачи, бројот на продажни места се намалува. Што значи дека дека се намалува бројот на малите локални продавници во кои се вработуваат едно до две лица, но, од друга страна, сѐ поголем е бројот на маркети што имаат потреба од поголем број вработени лица. Поточно, податоците упатуваат на заклучок дека голем дел вработени во продажните места се сконцентрирани во супермаркетите.

Во 2008 година во земјава имало 22.332 продавници и 32.021 вработени, додека, пак, осум години подоцна, во 2016 година, бројот на продавниците се намалил на 18.250, а бројот на вработени достигнал 41.057 лица.

А пак анализата на ДЗС, насловена „Попис на продажните капацитети во трговијата на мало во Република Македонија 2016“, укажува дека иако има само 310 супермаркети, во нив работат 4.488 лица, додека, за споредба, има 4.182 минимаркети во кои се вработени 7.046 луѓе.

Најголем дел од продажните места е сконцентриран во скопскиот регион (4.363), па во полошкиот (2.716) и во пелагонискиот (2.568).