Поместувањето на времето не е добро за човечкото здравје

0
1923

Зимкото сметање на времето тешко ни паѓа бидејќи спиеме еден час повеќе. Повторното поместување на сказалките за летното сметање , кое оваа година почна на 27 март претставува повеќе стрес за нашиот организам, каде што ни треба време како би се навикнале на новиот ритам на спиење и будење. Стрелките на часовникот ги поместивме во ноќта помеѓу саботата и недела, од два часот по полноќ на три часот. Спрема некои истражувања тој час за кој ни е скратено спиењето, повеќето од нас чувствуваат ненаспаност, главоболка, зголемен бил бројот на срцеви удари, зголемен бројот на повреди на работното место и зголемен бројот на сообраќајни незгоди, поради како што велат стручњаците, ненаспаност и намалена концентрација. Потребено е повеќе денови за да се навикнеме на новиот ритам, велат стручњаците. А како поместувањето на времето влијае врз битолчани?

-Никако не ми делува, не осеќам ништо, вели битолчанец

-Не ми влијае на ништо, немам главоболки, не чувствувам ненаспаност, дури мене вака повеќе ми одговара, вели граѓанин

-Осеќам само мала главоболка, вели битолчанка

Додавањето на еден час дневна светлина попладне генерално им оди во прилог на продавниците, спортските активности, земјоделството и други дејности кои се поврзани со дневна светлина. Во САД пресметале дека летното сметање на времето заштедува 1% од потрошувачката на нафта.Пред две години рускиот претседател Владимир Путин одлучи стрелките на часовникот да останат секогаш на зимското сметање на времето, со објаснување дека два пати годишно променувањето на стрелките на часовникот штетно влије врз биоритамот на човекот.

Оваа промена во сметање на времето прв пат како идеа се спомнува во 1784 од страна на Бенџамин Френклин со цел да се „заштеди на сончева светлина“. Всушност идеата била да се заштеди на свеќи во текот на ноќта и утрото за време на зимскиот период. Сепак оваа идеа преминала во пракса дури во 1966 година, а во нашата земја во почетокот на осумдесеттите години во минатиот век.

Без коментари

LEAVE A REPLY