Помилувања од претседателот Иванов за 43 лица по повод 2 Август

0
1453

Со Одлуката делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор 43 лица, сите државјани на Република Македонија. Делумното ослободување на помилуваните се движи од 3, 4, 6, 7 и 8 месеци.

Во „Службен весник на РМ“ број 139 од 27 јули 2016 година објавена е Одлуката на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, за помилување на осудени лица по повод 2 Август 2016 година – националниот празник на Република Македонија.

Одлуката е донесена врз основа на членот 84 ст. 1 ал. 9 од Уставот на Република Македонија и во согласност со членот 1 од Законот за помилување.

Со Одлуката делумно се ослободуваат од натамошно извршување на казната затвор 43 лица, сите државјани на Република Македонија. Делумното ослободување на помилуваните се движи од 3, 4, 6, 7 и 8  месеци. Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.