Помилувањето важи за луѓето, не и за украдените пари

0
438

„ Аболицираниот „градски татко“ на Битола, веројатно плаќала поскап превоз за ученици и од градоначалникот на Токио“ велат од СЈО. Додаваат дека аболицираните не може да го задржат имотот стекнат незаконски.

Никој од помилуваните не може да ја задржи имотната корист стекната со кривични дела. Ние сме тука и работиме, порача денеска тимот на Специјалното јавно обвинителство. И во случај на аболиција, законската обврска на СЈО е да прибави докази за незаконско стекната имотна корист и истата да ја конфискува, изјави Специјалната обвинителка Катица Јанева.

Ова Јавно обвинителство во иднина интензивно продолжува покрај другите и со финансиските истраги со цел незаконски стекнатата имотна корист да се врати во буџетот на Република Македонија, односно на граѓаните на Република Македонија. Финансиските истраги интензивно се водат во ова Јавно Обвинителство и од сите постапки кои се во тек, досега имаме податоци дека во периодот од 2008 до 2015 година од буџетот на РМ, во приватни џебови се одлеани многу пари“, изјави Јанева.

На денешната прес-конференција обвинителката Фатиме Фетаи го презентираше и новиот предмет, односно предистражна постапка, именувана „Транспортер“. Главни осомничени во оваа постапка се веќе помилуваниот градоначалник на Општина Битола и претседател на Комисија за јавни набавки, соопшти обвинителката Фатиме Фетаи.