Помош за Пеце да го продолжи животот како некогаш

0
759

slika pece 28 07Лоша судбина го фати битолското семејство Роговски односно 32 годишниот Пеце кој два месеца живее во големи болки поради малигниот тумур на бутниот мускул кој го прикова за кревет овој млад човек. Пеце сега е неподвижен заради прогрес на болеста и промените настанати на рбетот и карлицата. Првите знаци на болеста се појавиле пред две години. Поминал две операции и хемотерапија, но болеста се вратила. Надеж единствено постои во некоја од турските клиники но за тоа се потребни 54 илјади евра, а семејството нема толку пари.

slika vesela 2 28 07Со многу клиники контактиравме, а се нафатија само лекарите од Лив Хоспитал во Турција. Но, отаму апелираат што поскоро да се изврши интервенцијата и да се спречи ширење на болеста, вели Весела Роговска мајка на Пеце.

Ова момче, пред очите на неговата самохрана мајка, ја води битката со животот додека мајка му води битка да му помогне на синот. Живеат од мала семејна пензија, а парите за нега ги очекуваат.Другарите на Пеце,се најголемата потпрора на семејсвото, започнале акција за собирање пари за операција. Во Битола се организираа неколку хуманитарни концерит, отворени се жиро сметки, телефони за донации. Досега се собрани околу 10 илјади евра,но и тоа е далеку од потребната сума за лекување на Пеце во болницата во Истанбул.

slika pece 28 07 01Јас се грижам за него, многу ми е тешко, а можете да замислите на детето како му е. Него му е најтешко, а колку што врви времето и психички потешко се справува со болеста, вели мајката на Пеце, Весела.

Во тек се сложените процедури на одлучување во Фондот за здравство од каде побарале покривање на средтсвата за операција, на што Роговски се надеваат, за младиот Пеце да може да ја продолжи својата борба за живот во Турција.

ВИП: 077 – 143 – 610

ОНЕ: 075 – 143 – 600

Т-Мобиле: 070 – 143 – 181

Сметка за донации во Македонија:
Роговски Пеце
290500007892819
ТТК Банка
200002877989992
Stopanska Banka A.D. Skopje