Помош за родителите со деца со посебни потреби

0
193

Здружението „Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби“ е центар кој е инициран и воден од родители на деца со посебни потреби, а со цел информирање на сите родители на деца со посебни потреби, давање помош и поддршка од повеќе области: здравство, образование, застапување и правна помош.

MAJA_RESURSEN_CENTAR_GORICA.jpg

-Токму за да ги информираме повеќе родителите ќе одржиме промотивен настан во Битола, во „Премиер“ во 17:30 часот во петок, 26 јуни, изјави Горица Поповска Налевска, регионален координатор.

Покрај овие промотивни настани кои ги организираат, родителите можат да ги контактираат на повеќе начини.

-Имаме своја веб страница, имаме и фејсбук група каде можат да ни пишуваат, вели Поповска Налевска.

MAJA_RESURSEN_CENTAR_003.jpg

Ресурсниот центар на родители, е креиран со цел да биде првата референтна точка за родители на деца со посебни потреби и ќе нуди основни совети и обуки околу секојдневното функционирање на детето и семејството,со посебен акцент на новодијагностицираните семејства.