Помошникот на Трамп: Треба да ја заплашиме Русија со нашата воена моќ

0
222

Поранешниот градоначалник на Њујорк Рудолф Џулијани, за кој се шпекулира дека е главен кандидат за функцијата државен секретар на САД во администрацијата на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон треба да го запре зголеменото влијание на Русија на меѓународната арена со помош на воена сила, или барем со закана со неа, пренесува Фокс њуз.

„Русија смета дека може воено да им конкурира на САД, но не е така“, рече Џулијани додавајќи дека „под водството на Обама ние не сакавме дури ни да се заканиме дека ќе ја употребиме нашата војска и тоа е она што ја прави Русија толку моќна“.

Ваквите коментари на поранешниот градоначалник на Њујорк ѝ противречат на предизборната реторика на Трамп за нормализација на односите со Русија, вели руска Газета.

Во понеделникот Трамп телефонски се слушна со рускиот претседател Владимир Путин, при што разговарале за меѓународниот тероризам и екстремизам, за начините за решавање на кризата во Сирија, како и за подобрување на билатералните односи.

Во меѓувреме, Брисел е во паника поради, како што се оценува, „значителното затоплување“ во односите на САД и Русија.