Помошниците обвинители на Катица Јанева не ги потпишаа заклетвите

0
326

Специјалната обвинителка Катица  Јанева и нејзините седум обвинители-помошници денеска не се појавија на закажаната средба во Советот на јавни обвинители, каде што требаше да дадат заклетва за новите функции во Специјалното обвинителство.

Ваквата одлука е поради повикот на обвинителката Јанева да не ја дадат заклетвата, бидејќи Советот не ги избра и преостанатите седум предложени обвинители. Претседателот на Советот на обвинители, Петар Аневски истакна дека утрово во 10 и 30 часот добил допис од министерот за правда Аднан Јашари и прилог од четирите најголеми политички партии во кој се наведува да се изберат и преостанатите седум обвинители.

Аневски кажа дека дописот го испратил до специјалната обвинителка Јанева, од каде што очекува нејзино мислење. Тој останува на ставот дека на специјалнта обвинителка и се доволни седум помошници, но нагласи дека не знае како ќе гласаат останатите членови на Советот, кој вкупно ги има 11. Веќе во текот на утрешниот ден, Советот има закажано седница на која ќе биде познато дали ќе бидат изберени и останатите обвинители.

Без коментари

LEAVE A REPLY