Поништен огласот за мебел од времето на Луј XV

0
593

-Владата не побарала мебел и опрема какви што се наведени во јавната набавка објавена од страна на Службата за општи и заеднички работи која е предмет на актуелен интерес во медиумите. Спецификацијата за јавната набавка е направена од Службата за општи и заеднички работи, без да се консултира Владата. Владата нема потреба од мебел каков што е наведен во спецификацијата и не се согласува со истата. Владата и наложи на Службата за општи и заеднички работи да ја поништи јавната набавка- стои во соопштението на Владата.
Во четвртокот на страната на Бирото за јавни набавки беше објавен оглас за набавка на мебел за опремување на Владата во вредност од 52.000 евра. Според тендерската спецификација како мебел за одмор требаше да се набави една маса, со можност за пуштање во француски стил од периодот на Луј XV. Во огласот стоеше дека ногарките треба да се изработени од масивно дрво, со карактеристична горна заоблена и исфрлена надвор форма, карактеристична за истиот период. За масата требаше да се набават и 12 столови во стилот на 30-тите години. Покрај мебел за одмор во огласот се бараше и канцелариски мебел, мебел за тераса и теписи.

Без коментари

LEAVE A REPLY