Поништена одлуката за распуштање на Собранието

0
506

Уставниот суд донесе одлука да се поништи одлуката со која беше распуштено Собранието на 7 април. Сите девет судии едногласно го прифатија предлогот на пратеникот на ДУИ, Талат Џафери. Мината среда бвеше поведена постапка и беше изразено сомневање дека одлуката за самораспуштање на Парламентот е против уставна и беше изречена времена мерка за стопирање на сите дејствија што произлегуваат од неа, а тоа се одлуката за распишување избори на 5 јуни и преземените изборни дејствија од страна на Државната изборна комисија.

Веднаш штом беше поведена постапка, уште истиот ден Собранието закажа седница на која го измени Законот за помилување.

Денешната одлука влегува во сила со објавувањето во службен весник, со што престанува да важи времената мерка.