Понудата на Преспа за туристите

0
192

Преспанското езеро, бисерот на Југозападна Македонија, со големи напори почна да го враќа некогашниот сјај на своите богатства. Плажите, езерото, туристичката понуда се збогатија со што ги вратија назад посетителите кои во своите сеќавања ги имаат прекрасните летни одмори од Преспа. Автокампот Крани по долги години си го враќа имиџот со кој се китеше порано.

М-р Ѓоко Стрезовски градоначалник на Ресен вели дека временските услови ја почнаа летната сезона во Преспа за годинава со бројна посетеност.
Плажата, угостителските капацитети на ова место претрпеа реконструкции.
Располагаме со секакви гости фамилијарни, млади посебно имаме секакви посетители, вели Мартин Трпеновски авокамп Крани.
Плановите продолжуваат со реализација се чекало да затоплат летните ноќите, кои во изминатиов период навистина беа студени.
Мартин додава дека планитаат за викендите живи свирки и журки.
За тоа како Крани излегда сега гласот се слушнал на секаде и угостителите велат дека туристи има од Скопје, Битола. Штип, Велес и од други места во земјава.

Без коментари

LEAVE A REPLY