Поп дивата Калиопи ги распеа присутните во Хераклеа

0
436

Со концертот на античкиот локалитет Хераклеа, на поп дивата Калиопи, се затвори десеттото јубилејно издание на битолското културно лето БИТ ФЕСТ 2015.

Во Македонија и надвор од нашата држава, важи за вонсериски уметник од светски калибар, кој покрај извонредните вокални способности во рамките на поп музиката, изведува и компонира музика за филм, театар и балет.

 

Многубројната публика во Хераклеа, заедно со Калиопи ги пееше нејзините добро познати хитови како и дел од новите песни.

За интервјуто за Тера телевизија, Калиопи истакна- Битола за мене има посебно место, особено битолската шмекерска публика. Од моето враќање во Македонија во 1999 год, неколку големи концерти се имаат случено во прекрасната Битола.

За наредниот период најави снимање на нов материјал, многубројни настапи и концерти.