Поп дивата Калиопи со голем концерт во Битола

0
1114

На eдно од најдолгите културни лета во Македонија, битолскиот „Бит фест 2015“ ,за крај на официјалната програма, ќе настапи поп дивата Калиопи. Битолчани, кои токму со неа ја дочекаа и Новата 2015 година, уште еднаш ќе имаат можност да уживаат со рефрените од најголемите хитови на пејачката, овој пат во прекрасниот амбиент на античкиот локалитет Хераклеја.
Градоначалникот на општина Битола, д-р. Владимир Талески и воедно покровител на битолското културно лето, истакна дека е посебно задоволство, да се има за крај на јубилејното издание на фестивалот, уметник како Калиопи.kaliopi2
Сите присутни ќе можат да уживаат во многуте хитови што ја одбележаа музичката кариера на Калиопи. Концертот на Калиопи во рамките на Бит фест ќе се одржи на локалитетот Хераклеа со почеток во 21 часот.

Без коментари

LEAVE A REPLY