Попладне и утре со дожд

0
607

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло. Попладне и во вечерните часови, почнувајќи од запад, ќе имаме врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни со ретки грмежи. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието и источните делови умерен ветер од југоисточен правец.

Поинтентензивни врнежи ќе има в понеделник попладне и во текот на ноќта кон вторник, кога на места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме. Локално се очекува да наврнат над 50л/м2. Потоа и во наредните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со локален дожд.

В понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта кон вторник со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи.

Дневните температури в понеделник ќе се движат во интервал од 16 до 22 степени.

Во Битола денеска дневната до 18, а утре до 13 степени.

Без коментари

LEAVE A REPLY