Попладне прекин на сообраќајот на патот Кичево-Охрид

0
323

Сообраќајот на сите патни правци низ Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Поради изведување работи на пат (минирање), во четврток, во периодот од 13 до 15 часот во сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, на делот помеѓу Пресека  – с.Врбјани ќе биде во прекин 15 – 20 минути.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Без коментари

LEAVE A REPLY