Попладне протести во седум градови во земјава

0
745

Протестите  во рамки на „Шарената револуција“ продолжуваат и вечерва во седум градови во земјава.

Организаторите од „Протестирам“ ги објавија местата на кои вечерва ќе се протестира против општата аболицијата од претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов за 56 политичари.

Денеска во 18 часот пред седиштето на СЈО во Скопје, започнува протестот на „Шарената револуција“. Во исто време започнува и протестот во Штип пред Основниот суд, триесет минути подоцна во Велес кај кружниот тек Авона.

Во 19 часот започнуваат протестите во  Тетово (кај Основниот суд), во Битола на плоштад Магнолија и во Струмица пред Старата полиција. Во Гевгелија протестот започнува во 19.30 пред Пензионерскиот дом.