Попладне со дожд

0
383

Променливо облачно, во крајнте источни и јужни делови повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дуваше умерен, повремено и засилен северен ветер, кој на повисоките места на моменти достигнуваше брзина од околу 70 км/час. Поизразена нестабилност имаше во југоисточните делови, на потегот од Струмица до Гевгелија, а особено околу Валандово, каде според радарските податоци, имало и појава на град. Подоцна поизразена нестабилност со пороен дожд и грмежи имаше во Охридко-Преспанскиот регион, од Ресен, преку Галичица, до Охрид и јужно од Охрид.

Утре сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне со краткотраен локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Т-мин. од 6 до 13, а т-макс. од 19 до 27 степени.

И во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под влијание на влажни воздушни бранови што ќе предизвика времето да биде променливо облачно и нестабилно, со повремени врнежи од дожд, на места проследени со грмежи. Повеќе врнежи ќе има од вторник до четврток. Најинтензивни процеси, локално и во форма на невреме се очекува да има во вторник. Од среда ќе биде и посвежо, а од четврток ќе дува и засилен северен ветер.