Попладне со дожд

0
510

Сончево и топло време во претпладневните часови, а за попладне се најавуваат наоблачување и дожд. Дневните температури ќе опаднат за околу 5 степени.

Денеска во Битола до 31 степен.

Утре времето ќе биде променливо облачно со локален дожд и појава на грмежи. Во првите два дена од наредната недела во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер, а попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Дневната температура до среда ќе биде во опаѓање.