Попладне со пороен дожд и грмежи

0
1075

Сончево и топло, попладне и во вечерните часови ќе има  локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, како и изолирана појава на  ситен град, локално во форма на невреме. Ќе дува слаб верер со променлив правец.

Максималната температура ќе се движи од  26 до 35 степени.

 

Во Битола дневната температура до 29 степени.

Во наредните денови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со интензивен пороен дожд, појава на град и засилен ветер, особено в петок вечер и в сабота околу пладне и попладне. Нестабилно во попладневните часови ќе се задржи и во текот на наредната работна седмица.