Попладне зголемување на облачноста

0
563

По сончевото утро, во претпладневните часови се очекува зголемување на облачноста која во попладневните часови ќе услови нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици проследени со засилен северозаападен и североисточен ветер. Претежно сончево со локална облачност се очекува да биде во понекаде во централните и југоисточните предели. Утринските температури од 13 до 21 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 25 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и дневни температури кои ќе се движат од 26 до 36 степени. Во четврток сончево и потопло со пораст на максималните температури кои ќе достигнат до 28 односно до 38 степени. Сончевото и топло време ќе продолжи и во петок и сабота кога се очекуваат дневни температури кои ќе се движат во интервал од 30 до 39 степени.