Попладнево очекуваме снег на планините

0
526

Утринава иако е пооблачно во поголем дел од земјава, сепак врнежите се прилично ретка појава. Сосема на кратко врнежи беа забележани локално во југоисточниот регион.

Облачноста постепено ќе се зголемува, а врнежите од истата ќе бидат позначајни во текот на попладнето и вечерта.

Доцна попладне на планините се очекуваат врнежи од снег, во просек на висина над 1300 метри, прогнозира Метеопро.

 

Максималната температура денеска ќе биде во границите од 7°С до 10°С низ котлините во западниот и северниот крај, а на југоисток помеѓу 12°С и 16°С.

Без коментари

LEAVE A REPLY