Попладнево средба Иванов-Нимиц

0
474

Со средба со претседателот Ѓорге Иванов попладне, специјалниот пратеник на Генералниот секретар на Обединетите нации за прашањето за името, амбасадорот Метју Нимиц ја започнува официјално посетата на Македонија.

Освен со Иванов, Нимиц утре ќе има средба и со премиерот Зоран Заев, а потоа и со министерот за надворешни работи Никола Димитров. Најавена е и средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Нимиц е во Скопје на покана на македонската влада за да разговора за можностите за решавање на спорот за името. Пред доаѓањето во Скопје, интервјуто за емисијата „360 степени“ на телевизија АлсатМ, рече дека во Скопје има нова влада, со нови идеи за ова прашање и тој се надева дека се враќа вниманието врз овој многу важен проблем. Но, како што вели, овојпат не носи нов предлог за решение на спорот околу името.

По средбите во земјава, Нимиц треба да замине за Атина на средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.

мкд.мк