Поплаки за некоректно известување во медиумите

0
335

За некоректно известување, говор на омраза и навреди и клевети во медиумите биле најчестите поплаки до Комисијата за жалби на Советот за етика во медиумите.

За две години, колку што постои, во Комисијата пристигнале 121 жалба и претставка, од кои за 98 се донесени одлуки.
Од Комисијата велат дека бројот на пристигнати жалби и интересот на граѓаните, но и на другите организации и институции влева надеж дека саморегулацијата како процес може да влијае позитивно врз подобрување на медиумскиот систем во земјата.