Поплави во Албанија

0
402

Поројниот дожд што во Албанија врне во последните два дена, предизвика поплави во повеќе области во земјата, јави дописникот на Макфакс.

Министерот за земјоделие Едмонд Панарити изјави дека состојбата со поплавите е најтешка во градот и околината на Лежа. Според него се превземаат сите мерки  поплавите да бидат што помали.

Албанските медиуми јавуваат дека големи површини на земјоделско земјиште се под вода бидејќи повеќе реки се излезени од коритото, како во северниот дел на Албанија, така и во централна Албанија.

Во Тирана реката Лана е излезена од коритото, а десетина села  во североисточниот дел од земјата веќе имаат проблеми со поплавените патни правци кои ги поврзуваат со градовите. /крај/мн