Поплави во источна Македонија

0
1239

Водата од коритото на реката Брегалница се излеа и го поплави патот што води кон селото Теранци, па неговите околу 700 жители со потешкотии стигнуваат до општинскиот центар на Чешиново-Облешево.

Во текот на ноќта и рано изтурината водостојот е зголемен во сите реки во Источниот регион, поради што жителите од населбите во Кочанската Котлина живеат во страв водата да не им навлезе во домовите. Најкритично е во селата Чифлик и Облешево, каде нема водоводна мрежа, па населението има проблеми и со загаденоста на водата за пиење од пумпите и бунарите.
Од кризниот штаб на општина Чешиново-Облешево рекоа дека се обезбедени цистерни со вода, а ќе се дели и пакувана вода од хуманитарните резерви. Состојбата постојано се следи на терен и веќе се преземени мерки да се спречи навлегувањето на водата во населените места.