Поплавите негативно влијаеја на пчеларството

0
177

Поплавите кои ја зафатија Пелагонија во февруари, не им направија штета само на земјоделците, туку последиците ги трпат и пчеларите. Иако е се уште рано да се каже какви ќе бидат последиците, пчеларите велат дека поплавите имаат негативен ефект врз пчеларството.

-Имаше големи површини со маслодајна репка, голем дел од пчелите носеа мед токму од маслодајната репка, изјави Менде Трајковски, пчелар.
Но не се само поплавоте. И климатските промени го прават своето.
-Мај беше дождлив, добро е тоа, но температурните разлики беа големи и тоа негативно влиаје, вели Трајковски.
Сега имаат надеж дека сончогледот може да ги спаси.
-Има простори со сончоглед, но и од него во последните години нема приноси. Се прашуваме, можеби се работи за хибриди, вели Трајковски.
Иако имаа надеж дека оваа година ќе биде подобра, поплавите им ставија сомнеж. Но има уште време до почетокот на како што ја нарекуваат пчеларската година која почнува на 1 август.
-Очекуваме овој месец повисоки температури, а со тоа и подобри услови, вели тој.